Магазин

(ВИДЕО) Нетфликс ги откупи правата за хит филм чие продолжени ќе чини милиони долари

„Knives Out“ е филм со просечен буџет, кој во секоја смисла ги надмина очекувањата и на публиката и на критиката.

Кога режисерот Рајан Џонсон го претстави своето дело „Knives Out“ во 2019 година, покрај актерската екипа вклучувајќи ги Даниел Крег, Беноа Блан, Кејт Хадсон и Итан Хок, тој понуди и фантастично сценарио, кое е дури и номинирано за „Оскар“.

Во меѓувреме, Нетфликс го препозна огромниот потенцијал во оваа мрачна хумористична криминална мистерија и започнаа преговорите. На крајот компанијата успеа да ги откупи правата за снимање продолженија и од релативно скромните 40 милиони вложени во првиот дел, стигна до бројката од 450 милиони вложени во продолжението.

Филмот „Glass Onion: Knives Out“, чиј заплет се чува во строга тајност, наводно е снимен во Грција и ќе биде релевантен наследник на оригиналниот филм. Премиерата е закажана за 23 декември, а филмските љубители ширум светот со нетрпение чекаат да го видат продолжението на сагата за чудно, смртоносно семејство и инспекторот кој е зад нивните петици.

На почеток