Македонија

Се запали автомобил, огнот од колата потпалил двор и куќа

На 28.08.2022 во СВР Куманово било пријавено дека во 12.30 часот, на пат помеѓу с.Пчиња и с.Студена бара, настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на М.Т. (27) од Скопје.

Од пожарот била зафатена и сува трева, дворно место и куќа сопственост на Л.Г.. Противпожарна бригада Куманово го изгаснала пожарот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

На почеток