Македонија

Сали не ги ферма матичните: Подебелиот крај од овие штрајкови го извлекуваат пациентите, а не системот

Откако дел од матичните доктори не ги затворија вратите за пациентите, министерот за здравство, Беким Сали, тоа го гледа како негова победа. Според него, оние кои штрајкувале се против пациентите кои трпат последици.

„Јас повикав на разбирање и заедничка соработка, а пациентите не треба да бидат жртва на одредени политики кои каснат. Ние во ова не убдивме само 25 отсто од вкупниот број на матични лекари, кои протестираат. Подебелиот крај од овие штрајкови го извлекуваат пациентите, а не системот. Бидејќи промени во системот се прават преку разговори, ане преку штрајк“, рече Беким Сали.

Штрајкот, четврти по ред годинава, продолжува и денес. Повеќето од матичните лекари не издаваат рецепти и упати и не работат во системот „Мој термин“.

На почеток