(ВИДЕО) Зеленски: Задедовме повеќе од 30 населени места во Харков
Од
Објавено на
Украинските сили зазедоа повеќе од 30 населени места во регионот Харков за време на контраофанзивата против Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
За време на видео обраќањето, Зеленски рече дека украинските сили „успешно ги продолжуваат своите активни операции во неколку области“, според Ројтерс.
Шефот на администрацијата во регионот Харков, поддржан од Русија, Виталиј Ганчев, претходно денеска призна дека напредувањето на Украина во регионот Харков билo „многу остро и брзо“ и дека украинските сили повторно зазеле голем број населени места.