113 санкционирани возачи на мотоцикли
Во текот на вчерашниот ден (09.09.2022) во периодот од 18.00 до 00.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 113 возачи. Од нив, 62 не користеле заштитна кацига за време на возење, 28 возеле без возачка дозвола, шест мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.