Актуелно

Јужна Кореја ја предупреди Северна Кореја дека нејзиното нуклеарно оружје ќе доведе до самоуништување

Јужна Кореја денеска ја предупреди Северна Кореја дека употребата на нејзиното нуклеарно оружје ќе доведе до самоуништување, пренесува АП.

Предупредувањето дојде откако Северна Кореја усвои закон со кој ѝ дозволува превентивно да го користи своето нуклеарно оружје. Јужнокорејскиот министер за одбрана Ли Јонг-суп оцени дека овој закон само ќе ја продлабочи изолацијата на Северна Кореја.

Ли Јонг истакна дека Јужна Кореја ќе ја зајакне својата превентивна одбрана од можни напади, ракетната одбрана и ќе побара помош од САД за да се одбрани, вклучително и употребата на нуклеарно оружје.

Минатата недела Северна Кореја усвои закон со кој се дозволува превентивна употреба на нуклеарно оружје доколку се соочи со непосреден напад.

Претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, во парламентот при усвојувањето на тој закон изјави дека Пјонгјанг никогаш нема да се откаже од нуклеарното оружје бидејќи тоа е неопходно поради заканите од САД.

Во текот на оваа година, Северна Кореја изврши невообичаено голем број пробни лансирања на проектили.

На почеток