„Џафери го прекрши Уставот и и плукна во лице на демократијата, дојдовме до дереџе Апасиев да ни држи лекции“, вели Најчевска


Откако спикерот Талат Џафери одлучи дека нема да има референдум, на социјалните мрежи се огласи професорката Мирјана Најчевска која вели дека тој го прекршил Уставот и и плукнал во лице на демократијата.
„Со ова Џафери го прекрши Уставот, покажа недозволливо незнаење на правото и и плукна во лице на демократијата.
Ова е веќе такво ниво на партиско самоволие кое задира во темелите на уставниот поредок и не смее да се толерира.
Колку што се сеќавам уште не е променет членот 2 од Уставот според кој власта во државата им припаѓа на граѓаните кои меѓу другото можат да ја остваруваат и преку референдум.
Добро бре дојдовме до тоа дереџе Апасиев да ви држи лекции и да има право (добро не во се ама во голем дел)?
Значи како што некој договор станал дел од внатрешното право може и да престане да биде дел од внатрешното право а граѓаните го имаат последниот збор.
И да нема забуни: јас сум за европските вредности и развој на државата врз основа на овие вредности.
Влезот во ЕУ треба да биде формалност за држава која ги практикува.
Не прифаќање на европските вредности за да влеземе во ЕУ туку влез во ЕУ затоа што ги прифаќаме овие вредности“, се вели во објавата.
