Скопје

Наместо паркинг, сред центар никна објект, жителите реагираат, од надлежните нема одговор

Додека урбанистите ги изложуваа новите урбанистички планови за Калето, Парк 2 и Француски гробишта, на една од парцелите на која тие во планот предвиделе да биде јавен паркинг се подигнува објект, вели Шанса за Центар.

„Жители на улицата Самоилова постојано известуваат дека и покрај тоа што е пријавено во Општина Центар и инспекциските служби активностите не запираат и објектот секој ден расте.

Шанса за Центар исто така ги препрати нивните наоди и фотографии до надлежните служби, но како и вообичаено, нема никаков одговор.

Неуспехот во спречување на нелегалното градење ги обезвреднува сите обиди за квалитетно планирање на просторот и спроведување на законите пред кои сите граѓани треба да се еднакви. Неспроведувањето на законите сигурно не нѐ води кон правна држава туку кон правилата на џунглата во која царуваат најсилните и оние со најмногу врски и моќ“, велат од организацијата,

На почеток