Македонија

542 првачиња во Охрид добија по 3000 денари

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков информираше дека успешно е реализиран проектот „Нашите првачиња“.

„Денес на сметките на 542 родители на деца запишани во прво оддделение во рамки на основните училишта во општина Охрид се исплатени по 3000 денари финансиска поддршка во рамки на проектот „Нашите првачиња“. Средствата се обезбедени од буџетот на општина Охрид во вкупен износ од 1.626.000 денари.

На сите првачиња им поскаувам среќно детство и успешно образование“, се вели во објавата.

На почеток