Спорт

(ВИДЕО) Федерер со пораз, но со голем стил се прости од тенисот

Роџер Федерер и официјално ја заврши својата професионална тениска кариера.

По 1.527 меча, 1.251 победа, 310 недели на врвот на АТП листата, 103 трофеи, 31 финале на Грен слем, 28 титули на мастерс, 20 грен слем титули, пет години како број еден, легендарниот Швајцарец го остава рекетот.

Со двојката на Лејвер купот во Лондон со Рафаел Надал против Џек Сок и Френсис Тиафо, богатата кариера ја заврши со пораз во три сета – 4:6, 7:6, 11:9.

Збогувањето беше величествено, бидејќи покрај теренот беа сите најдобри играчи во светот, почнувајќи од Новак Ѓоковиќ, кој ги бодреше, па дури и ја имаше улогата на тренер во одредени моменти, па се до остатокот од Европа и светот.

Без разлика на разликата во години и форма, оваа вечер Федерер беше ако не подобар, тогаш поконстантен од Надал со кој беше во тимот.

До крајот се играше речиси поен за поен, па имавме резултати 5:5, 6:6, 7:7, 8:8, 9:9.

Се додека Џек Сок на својот 30-ти роденден не го реши мечот и не израмни за светскиот тим на овој дуел од Лејвер купот.

Во исто време го испрати Роџер Федерер во пензија.

На почеток