Актуелно

Украинските сили истрелаа 16 американски проектили врз ЛНР

Во текот на изминатиот ден, украинските војници истрелале 16 проектили на територијата на Луганската Народна Република (ЛНР) од повеќецевни ракетни фрлачи HIMARS од американско производство, соопшти денеска Заедничкиот центар за контрола и координација на воените злосторства во Украина.

„Извршени се четири ракетни напади ХИМАРС од позиции што ги држат редовните украински вооружени формации. Цел беа населбите Нижни Дуванка, Нови Астрахан, Северодонецк и градот Стаханов. Лансирани се вкупно 16 ракети М31 ГМЛРС“, соопшти Заедничкиот центар, пренесува ТАСС..

Во селото Нижња Дуванка една станбена зграда е уништена, друга е оштетена, но во моментов се проверуваат информации за жртвите и билансот на материјалната штета од овие напади

На почеток