Свет

Лавров: „Украина е потрошен материјал за Западот“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров синоќа на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк изјави дека Украина е потрошен материјал за Западот, кој е предводен од САД во борбата против Русија.

„На секој непристрасен набљудувач му е исклучително јасно дека за англосаксонците, кои целосно ја потчинија Европа, Украина е само потрошен материјал во борбата против Русија“, посочи Лавров.

Според неговите зборови, НАТО ја прогласи Русија за директна закана на патот кон целосна доминација на САД и ја означи Кина како долгорочен стратешки предизвик.

На почеток