Свет

Шест војници загинаа во хеликоптерска несреќа

Воен хеликоптер се урна во југозападниот дел на Пакистан.

Сите шест пакистански војници, меѓу кои и двајца офицери, загинаа при падот на хеликоптерот, соопшти денеска армијата, пренесува Ројтерс.

Хеликоптерот се урнал за време на рутински операции над провинцијата Белуџистан. Причината за падот на хеликоптерот не е позната.

На почеток