Руските сили повторно ја нападнаа Одеса
Од
Објавено на
Руските сили повторно ја нападнаа Одеса со беспилотни летала.
Еден од нив беше соборен од противвоздушна одбрана, а двајца погодија воен инфраструктурен објект, соопшти денеска шефот на регионалната воена управа Сергиј Братчук.
Тој изјави дека населението е евакуирано поради пожарот и детонацијата на муниција, пренесува Интерфакс Украина.
Според првите информации нема повредени.
Во напад со беспилотно летало на Одеса на 23 септември, две лица загинаа, а две беа повредени, објавија тогаш регионалните власти.