Свет

Орбан: Ако ЕУ ни одбие средства, ќе ги земеме од друг извор

Унгарскиот премиер Виктор Орбан посочи дека неговата земја, доколку ЕУ ѝ ги одбие финансиските ресурси, ќе се сврти кон други извори на капитал.

Неговите зборови дојдоа откако Европскиот парламент ја повика Европската комисија да ја разгледа финансиската помош од претходно одобрените фондови за земјата, бидејќи заклучи дека Унгарија повеќе не е „целосно демократска“.

„Доколку на бриселските бирократи не им се даваат парите, кои ѝ следуваат Унгарија, тогаш ќе ги бараме потребните средства од други финансиски извори“, рече Орбан. „Почнавме разговори со Европската унија и со другите меѓународни партнери“, додаде тој.

Орбан ги критикуваше санкциите против Русија

Унгарија треба да се подготви за продолжена војна во соседна Украина, изјави денеска во националниот парламент унгарскиот премиер Виктор Орбан, остро критикувајќи ги санкциите на Европската унија воведени кон Русија, бидејќи, како што рече, тие ја зголемуваат цената на енергенсите.

Орбан рече дека санкциите на ЕУ дале контраефект и дека не е изненадување што европските влади паѓаат, алудирајќи на вчерашните избори во Италија, на кои Џорџија Мелони ќе стане првата жена премиер на Италија на чело на најдесничарската влада од Втората светска војна, пренесува Ројтерс.

На почеток