Магазин

Се разведува најбогатиот човек во светот, излегува со позната тв водителка

Американскиот милијардер Џег Безос (54), основач на компанијата Амазон, а воедно и најбогатиот човек на листата на магазинот Форбс, објави дека се разведува по 25 години брак.

Исто така излезе и нова информација дека најверојатно Безос излегува со поранешната ТВ водителка Лорен Санчез (49), пренесува Бизнис Инсајдер.

Њујорк Пост велат дека Лорен Санчез е се уште во брак со Патрик Вајтсел, иако се веќе некое време разделени.

Безос и Санчез најверојатно започнале да се гледаат, кога Лорен и нејзиниот сопруг се разделија минатата есен. Санчез има три деца, од кои две со Патрик и уште едно од претходната врска.

Богатството на Џеф Безос се проценува на 137 милијарди долари. Со неговата се уште законска сопруга Мекензи Безос има четири деца, а се запознале додека заедно работеле за инвестициско друштво.

To Top
Close