Македонија

Мицкоски да не се крие зад соопштенија, да каже која е неговата поврзаност со претседателот на здружението Цар Борис, вели власта

„Мицкоски да не се крие зад соопштенија, да каже која е неговата поврзаност со претседателот на здружението Цар Борис“, вели СДСМ и додаваат:

Лицемерниот Христијан Мицкоски да не се крие зад соопштенија туку да излезе пред граѓаните и да им објасни што прави во друштво со претседателот на контроверзниот бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“.

Која е поврзаноста на Мицкоски со основачот на бугарскиот клуб? Дали ги поврзува само членството во ВМРО-ДПМНЕ или и други релации имаат?

ВМРО-ДПМНЕ е партија којашто е иделошки поклоник на луѓето што биле извршители на Третиот Рајх и во својот статут има континуитет со Ванчо Михајлов и Тодор Александров.

Лицемерниот Мицкоски нека излезе пред граѓаните и да одговори.

На почеток