Скопје

Нови случаи на заболени од морбили

Седум нови сомнителни случаи на заболени од морбили се пријавени денеска во Институтот за јавно здравје, пренесува „Мета“.

– Сомнителните случаи се добиени од Инфективната клиника. Тие чекаат лабораториска дијагностика, а дополнително ќе се знае дали ќе добиеме пријава дека се работи за заразна болест. Во новата епидемија, на територија на Скопје, без оние седум случаи од Радишани, во моментов има 13 потврдени случаи – информира д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во Институтот,Кузмановска.

Според информациите на „Мета“, станува збор за деца од градинка во Аеродром.

На почеток