Скопје

Српски медиуми: Скопје има гас за само две недели, а грејната сезона почнува в сабота

Во сабота на 15 октомври ќе почне грејната сезона во Скопје, иако земјата има гас за само две недели работа на топланите, односно до 1 ноември, пишува Б92

Премиерот Димитар Ковачевски посочува дека државата е подготвена да користи алтернативно гориво за затоплување на домови, училишта, градинки, деловни простории, министерства, имајќи предвид дека топланите можат да работат на гас и мазут.

„Годинава направивме се Скопје да има греење на 15 октомври. Не беше лесно со оглед на екстремно високата цена на гасот. Сепак, со оглед на краткорочното поевтинување на гасот и договорот што Макпетрол го има со снабдувачот со кој традиционално работи, до крајот на октомври е обезбеден износ за работа на топланите. А доколку гасот енормно поскапи, државата е подготвена да ги затоплува домовите на граѓаните на алтернативно гориво“, рече Ковачевски.

Тој вели дека проблем не е само цената на гасот, туку и достапноста.

Знаете дека имаше пренасочување на гасоводот кон север, што ги намали испораките, потоа често има намалување на протокот…“, рече Ковачевски.

Премиерот рече дека до 1 ноември гасот го обезбедува Мекпетрол по цена од 1.713 евра за 1.000 кубни метри гас.

„До крајот на грејната сезона ќе се утврди концептот на греење, односно енергија во зависност од тоа дали и во каков режим ќе работи гасната централа ТЕ-ТО, која како нуспроизвод од производството на електрична енергија испорачува топлинска енергија, “ соопштија од компанијата.

Доколку не се набави гас за топланите (Исток, Запад, Скопје-Север и таа во Железара), тогаш главниот град ќе треба да се грее на мазут, се вели во соопштението..

На почеток