Лавров денеска на состанок со колегите Ерменија и Азербејџан
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Астана разговара со своите колеги од Ерменија и Азербејџан.
Тој рече дека очекува да разговара со своите колеги од Ерменија и Азербејџан за спроведувањето на договорите што ги постигнаа претседателите на овие земји во 2020 и 2021 година, со цел подобро да се разберат, пренесува ТАС С.
Рускиот министер за надворешни работи изрази уверување дека за време на средбата ќе биде можно „подобро да се разбере како да се оди напред“, пренесува ТАС С.
Министерот за надворешни работи на Азербејџан Џејхун Бајрамов истакна дека од последната средба во трилатерален формат во мај годинава, остварени се значителен број контакти, но и на билатерално ниво.
Шефот на дипломатијата на Ерменија, Арарат Мирзојан изјави дека денешната средба ќе биде добра можност да се најде решение за нормализација на односите меѓу Ерменија и Азербејџан и да се разговара за Нагорно Карабах.