Свет

Австралија ја поништи одлуката да го признае Западен Ерусалим како главен град на Израел

Австралија ја поништи одлуката на претходната влада да го признае Западен Ерусалим како главен град на Израел.

Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг изјави дека статусот на градот треба да се реши преку мировни преговори меѓу Израел и палестинскиот народ, пренесува Ројтерс.

Министерката рече дека Австралија „секогаш ќе биде верен пријател на Израел“ и дека е посветена на решение со кое Израел и идната палестинска држава ќе коегзистираат во мир во меѓународно признатите граници.

Веднаш имаше реакција од Израел, од каде бесно беше порачано да се осуди ваквата одлука на Австралија.

Претходната австралиска влада, предводена од Скот Морисон, во декември 2018 година го призна Западен Ерусалим за главен град на Израел, потсетува британската агенција.

На почеток