Америка бара Филипини да се откаже од руските хеликоптери, им обезбедија и воена помош


САД обезбедија странска воена помош од 100 милиони долари на Филипините како компензација за одлуката на земјата да се откаже од договорот за руски хеликоптери.
Амбасадорката на САД во Манила, Мери Кеј Карлсон, на неодамнешната прес-конференција рече дека филипинската војска може да ги користи средствата „како што сака“, пренесува Дефенс пост.
Ова ќе им овозможи на Филипините да ги зајакнат одбранбените капацитети и да ги модернизираат вооружените сили, пишува порталот.
Според извештаите, со оваа помош Филипините добиле вкупно 1,14 милијарди долари воена опрема од Америка од 2015 година до денес.
Откажан договор со Русите
На почетокот на оваа година, Филипините се откажаа од договорот за купување на 16 повеќенаменски хеликоптери Ми-17 од Русија поради стравувања од можни западни санкции.
Тогашниот претседател Родриго Дуерте го одобри договорот од 12,7 милијарди пезоси (227 милиони долари), кој требаше да биде завршен за две години.
Филипините сега размислуваат за купување на тешки хеликоптери како американскиот Chinook.
