Актуелно

МВР за дојавата за бомба во ЈСП: Приведен е вработен, заканата е дека треба да експлодира за време на протестите

Министерството за внатрешни работи вели дека приведен е вработен во ЈСП кој преку меил се заканил дека планира да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите.

„Денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП, по претходна пријава околу 5 часот од ЈСП дека од неговиот меил на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите.

Се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“,

На почеток