Магазин

Aко немаат предбрачен договор, Мекензи Безос по разводот ќе стане најбогатата жена во светот

Извршниот директор и основачот на Амазон, Џеф Безос и неговата сопруга Мекензи Безос вчера на Твитер објавија дека се разведуваат по 25 години брак. Брачниот пар поседува богатство вредно 137 милијарди долари, а најголемото прашање е дали парот има предбрачен договор, односно како ќе го поделат својот имот по разводот.

Според порталот ТМЗ, тие немаат предбрачен договор, што значи дека во тој случај богатство од околу 140 милијарди долари ќе се подели на половина. На тој начин Мекензи по разводот ќе биде тешка околу 70 милијарди долари.

Во овој момент постојат бројни шепкулации, а една од нив е дека е можно по огромниот успех со Амазон да постигнале одреден договор, но јавноста со истиот да не е запознаена.

Поделбата на имотот ќе биде комплицирана бидејќи како што велат во заедничката изјава планираат да продолжат со заеднички вложување.

„Среќни сме што се пронајдовме еден со друг и благодарни сме за секоја година од бракот. Имавме среќен заеднички живот како брачен пар и исто така гледаме одлична иднина ако родители, пријатели, партнери“, изјави брачниот пар.

Најчитани

To Top
Close