Скопје

Малолетници со употреба на физичка сила краделе од други две малолетни лица

На 23.10.2022 околу 22.45 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Е.Е.(18) и уште тројца 17-годишници, сите од Скопје, затоа што претходно на подрачје на Бит Пазар со употреба на физичка сила од двајца малолетници од Скопје одзеле пари и предмет, кој подоцна бил пронајден кај пријавените.

Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На почеток