Скопје1.мк

Република

Магла на Стража, забрана за камиони на овие патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Тетово, Попова Шапка, Маврово и Дебар.

„Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, Струга – граничен премин Ќафасан и Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).

Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

To Top
Close