Магазин

(ВИДЕО) Авион на милијардер падна во Карипско Море, пронајдени две тела

Германскиот претприемач и милионер Рајнер Шалер и неговото семејство биле во авионот што се урна во Карипското Море во близина на Костарика, соопшти владата.

Извор од Министерството за јавна безбедност на Костарика потврдил за АФП дека Шалер (53) и уште пет лица се на списокот на патници во авионот.

Рајнер Шалер е основач и претседател на германската компанија RSG-Group, која управува со теретаните McFit.

Германскиот весник „Билд“ пишува дека тој патувал со сопругата, нивните две деца и уште еден маж.

Според извештајот, меѓу патниците на авионот има 44-годишна жена, 40-годишен маж и двајца малолетници од Германија, како и 66-годишен швајцарски пилот.

Во саботата во морето се пронајдени тела на возрасен и малолетник, кои се уште не се идентификувани. Пронајдени се и некои предмети, меѓу нив патни торби, како и дел од трупот. Тие биле пренесени во Лимон, во истоимената провинција.

Авионот на приватен лет полетал од Мексико и изгубил контакт со контролната кула во Костарика во петокот околу 18 часот во близина на Лимон, каде што требало да слета.

Синџирот на евтини спортски сали McFit основан од Шалер е најголем во Европа (165 спортски сали во Германија и повеќе од 250 во остатокот од Европа).

На почеток