Белата куќа: Ќе одговориме на секој напад врз американската инфраструктура
Од
Објавено на
Белата куќа најави дека секој напад врз американската инфраструктура ќе добие соодветен одговор.
Ова во четвртокот го соопшти портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, како одговор на изјавата на високиот функционер на руското Министерство за надворешни работи, Константин Воронцов, кој рече дека комерцијалните сателити од САД и нивните сојузници можат да станат легитимна цел, доколку тие земји решат да интервенираат во војната во Украина.