(ВИДЕО) Нов напад на уметноста: Активист си ја залепи главата на уметничка слика
Активист за климатски промени ја залепи главата за познатата слика „Девојка со бисерна обетка“ во музејот во Хаг во четвртокот, но ремек-делото не е оштетено, соопштија вработените во музејот.
Друг активист ја залепил раката со селотејп за ѕидот до слика на холандскиот мајстор Јоханес Вермер од 1665 година и фрлила непозната супстанца врз неа, објави музејот Мауритшуис.
На видеото на социјалните мрежи се гледаат двајца мажи покрај познатиот портрет, облечени во маици на кои пишува „Just stop oil“.
“Полицијата доби дојава и фати три лица. Состојбата на сликата ја анализира нашиот реставратор. За среќа, ремек-делото е заштитено со стакло и не е оштетено”, велат од музејот.
NOW – Attack on Johannes Vermeer's famed "Girl with a Pearl Earring" painting at a museum in The Hague.pic.twitter.com/N9OgTEnYvb
— Disclose.tv (@disclosetv) October 27, 2022