Република

Македонката што го победи грчкото лоби во Сенатот во САД

Ана Дукоска е Македонка, родена во Охрид, Живее во главниот град на САД, Вашингтон. Во македонската историја ќе остане запишана како Македонката што го победи грчкото лоби во американскиот Конгрес.
Скромната Охриѓанка од која expres.mk побара разговор не сакаше да даде интервју. Вели дека не е време за лична промоција, славење и триумфализам во моменти кога Македонија крвари и се соочува со губење на својата историја и идентитет.

За резолуцијата 602 со која грчкото лоби во Вашингтон доживеа дебакл, само кратко ни порача дека ова не е нејзина победа туку е победа на сите Македонци во САД, во Македонија и во целиот свет. И дека победата е важна но дека многу поважно е утре македонските пратеници да не дозволат промена на македонскиот устав и уставното име.
А како Дукоска ја извојувала победата објаснуваат македонски активисти во САД кои за неа велат „ако реши и Охрид ќе го донесе во Америка“.

Нејзината историска приказна започнала непосредно по референдумот за името на почетокот на октомври минатата година кога таа напишала писмо со резултати од референдумот.

Во писмото таа со конкретни примери од меѓународни конвенции, македонскиот устав и закони на американските сенатори им објаснува како власта во Македонија го крши уставот.

Целиот текст прочитајте го на Експрес

Најчитани

To Top
Close