Свет

САД испраќаат 30 милиони евра во Пакистан

САД најавија дополнителни 30 милиони долари помош за жртвите од неодамнешните поплави кои раселија стотици илјади луѓе низ Пакистан.

Повеќе од 1.700 луѓе загинаа од средината на јуни.

„Помошта беше објавена од американскиот амбасадор во Пакистан, Доналд Блум, за време на посетата на поплавените подрачја во јужната провинција Синд, најтешко погодениот регион“, соопшти денеска кабинетот на пакистанскиот премиер, јавува Anadolu Agency.

Вкупната помош на Вашингтон за Пакистан за одговор по поплави, храна, одговор при катастрофи и други ставки сега изнесува 97 милиони долари.

Амбасадата на САД соопшти дека со дополнителните средства ќе се зголеми помошта за најранливите заедници и ќе се овозможи американската агенција за меѓународен развој да допре до повеќе од четири милиони луѓе.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф му се заблагодари на Вашингтон за најновата хуманитарна помош, истакнувајќи дека предизвиците со храна, здравје и засолниште остануваат додека се наближува зимата.

Тој ја повика меѓународната заедница брзо да придонесе во апелот на Обединетите нации за помош од 816 милиони долари за да се олесни уништувањето предизвикано од големите поплави.

Третина од Пакистан е поплавена, а повеќе од 1.700 луѓе загинале од средината на јуни, потсетува агенцијата.

Поплавите предизвикаа загуби од над 30 милијарди долари, најмногу во областа на домувањето, инфраструктурата и земјоделството.

На почеток