Македонија

Автомобил удри пешак во Битола

На 10.01.2019 година околу 07.30 часот на крстосница од улиците ,,Арон Ароести “ и  ,,Минела Бабуковски“ во Битола се случила сообраќајна незгода во која патничко возило ,,Мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(36) од Крушево удрило во пешакот Х.Н (58) од Битола.

Од ударот Х.Н. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола, кадe и била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток