Магазин

(ВИДЕО) Динамит, нова песна на Никола од „Жешко столче“

Водителот на забавната емисија „Жешко столче“, Никола Трпковски- Нинне откако запеа првпат на српски, сега сними песна на македонски јазик.

Песната е насловена „Динамит“, додека спотот е сниман во Шпанија.

„Мафија, динамит и една презгодна Шпанка се главните протагонисти во текстот потпишан од Елвир Мекиќ. Растев со музиката на Елвир и чест ми е што токму тој ми го напиша текстот кој е многу модерен и урбан“, рече Нинне.

Видео записот е снимен на Палма де Мајорка, од продукцијата МАГ која стои зад проектот „Жешко столче“.

На почеток