(ВИДЕО) Мицкоски со совет за Маричиќ, одговарајќи за бифтеците: Исхраната е важна


Христијан Мицкоски во интервју за „А1он“ вети дека нема да биде како вицепремиерот Бојан Маричиќ ако дојде на власт. Тој кажа што сака да јаде во кафеана, но не на туѓа сметка. Порача дека е вкусна пастрмката, а исхраната е важна ако се спортува. Сето ова го посочи откако беше прашан дали ќе постапува како Маричиќ.
„Јас и кога не сум бил на власт, сум внимавал многу на исхраната. Спортувам многу. Исхраната е многу важна алатка во спортот. Се трудам многу малку месо да јадам, повеќе да јадам салати, овошје и така натаму. Така што, ќе се држам до тој начин на исхрана, без разлика дали сум опозиција или сум во владата, или сум надвор од политиката“, рече Мицкоски за „А1он“ одговарајќи дали како Маричиќ ќе јаде бифтеци на државна сметка.
Прашан дали сака морско, бидејќи Владата набавуваше со илјадници евра, Мицкоски додаде: „Не, исклучително квалитетна речна парстрмка. Има многу убава во една рибарница во пазарчето Буњаковец. Таму ми пржат, многу е вкусна“.
„Секогаш било така“, рече Мицкоски прашан дали и ако дојде на власт ќе јаде на приватна сметка.
Според него, не јадел на туѓа сметка ниту како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имам право на репрезентација и во ВМРО-ДПМНЕ, проверете дали има барем една сметка потпишано“, рече Мицкоски, а на забелешката дека ВМРО-ДПМНЕ има блокирани сметки па не може да јаде преку партијата рече: „Па можеме да потпишеме по некоја сметка, од тоа малку што го имаме, но и тоа го нема“.
