Истече рокот за пререгистрација на возилата со таблички РКС, полицијата ги опомена возачите
Ноќта меѓу понеделникот и вторникот, косовската полиција го изрече првото предупредување за возила кои не биле пререгистрирани од српски регистарски таблички на таблички РКС.
На административниот премин Јариње, неколку минути по полноќ и истече рокот за пререгистрација што го постави Приштина, опомена е упатена на возило регистрирано со КМ таблички управувано од жена, јави репортерот на косовскиот онлајн портал од Јариње.
Таа жена за порталот изјавила дека полицајците и предале лист со упатства за пререгистрација.
Таа, како што истакна, не планира да го регистрира возилото со таблички на РКС, туку ја чека одлуката на официјален Белград.
На полноќ истече рокот што го дадоа привремените институции во Приштина за пререгистрација на возилата со таблички РКС.
Репортерот на Косово онлајн јавува дека на административниот премин Јариње засега е мирен, дека сообраќајот е со намален интензитет, а присуството на косовската полиција е зголемено.
И покрај барањата на САД и ЕУ за одложување на рокот за пререгистрација на возилата за 10 месеци, Приштина во петокот одлучи да ја спроведе таа одлука во четири фази.
Најавено е дека во првата фаза – од денеска до 21 ноември, косовската полиција ќе им дели опомена на возачите на автомобили со српски регистарски таблички и ќе бара да ги регистрираат возилата со таблички на РКС.
Во втората фаза, од 21 ноември до 21 јануари, Србите со српски регистарски таблички ќе бидат казнети со 150 евра, соопштено е во Приштина.
Третата фаза предвидува издавање пробни таблички и ќе трае до 21 април, кога според одлуката на владата на привремените институции на Приштина, српските регистарски таблички ќе бидат забранети во Република Косово.
Српската листа најави дека Србите од северот на Косово и Метохија ќе дадат жесток одговор и отпор на првото изрекување парична казна.