Свет

Шаленберг повторно заразен со коронавирус

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, повторно е позитивен на коронавирусот.

Поради Ковид-19, тој го откажа патувањето во Берлин, каде требаше да учествува на денешниот Самит на Берлинскиот процес.

На средбата, чија цел е заживување на Берлинскиот процес, a треба да го поттикне натамошното приближување на Западен Балкан кон ЕУ, ќе го претставува Сузана Раб, министерка за интеграции.

Шаленберг се тестираше пред планираното патување со брз тест, кој покажа позитивен резултат.

Ова не е прв пат, бидејќи министерот веќе еднаш, пред две години, беше заразен со корона вирусот, откако се врати од Советот на дипломати на ЕУ во Луксембург.

По позитивниот тест Шаленберг е во домашен карантин.

На почеток