Магазин

Џенифер Анистон подготвена да го тужи Бред Пит за 100 милиони долари

Џенифер Анистон наводно е подготвена да го тужи својот поранешен сопруг Бред Пит за 100 милиони долари, а причината е од деловна природа.

Имено, неодамна беше откриено дека Бред Пит има намера да ја продаде заедничката продукциска куќа План Б, која ја основаа на почетокот на 2000-тите додека се уште беа заедно. Таа ги оспорува тие пари и го тужи за 100 милиони долари.

Пит веќе е во правен спор со поранешната сопруга Анџелина Џоли, која упати сериозни обвинувања против него, па овој спор дополнително ќе му ја искомплицира ситуацијата.

Продуцентската куќа што ја основаа Пит и Анистон дојде во негова сопственост по разводот, но Анистон тврди дека никогаш не добила заслуга за помошта во основањето на компанијата, а шпекулациите се дека нејзиното барање е прашање на принцип и пари.

„Ова не е само за парите. Што се однесува до Џен, она што е исто толку важно е принципот. Работата е во тоа што таа беше ко-креатор и основач на План Б, и истата технички му припадна на Бред, таа не доби заслуга бидејќи го изгради од темел“, изјави извор близок до актерката.

Истиот извор додаде дека „Џен очекува барем признание и вмешаност доколку се оствари продажбата на Бред, плус опција да работи со кој и да ја преземе“.

Заслугите на План Б вклучуваат филмови како „The Departed“, „12 Years A Slave“ и „Moonlight“, од кои сите добија Оскар за најдобар филм. Тие беа вклучени и во блокбастери како „Троја“ и „Чарли и фабриката за чоколади“.

На почеток