Скопје

Затворена хируршка сала во болницата „8 септември“ – нема анестезиолози и медицински сестри

Градската општа болница „8-ми Септември“ минатата недела затвори една од двете хируршки сали на ново отворениот Оддел за трауматологија, бидејќи има недостиг од медицински сестри и анестезиолози.

„Во моментов работиме со 9 анестезиолози, бидејќи 3 заминаа во пензија. Ни недостигаат и 40 медицински сестри за да можеме нормално да работиме. Освен на Oдделот за трауматологија, не работи и уште една од другите сали, така што од вкупно седум сали сега работат само пет“ – вели Костов, директорот на Градската општа болница за порталот Сдк.мк.

Имено само да потсетиме дека новиот Оддел за трауматологија во ГОБ „8-ми Септември“ беше отворен на 7 септември 2018, кој е сместен во просториите што претходно ги користеше приватната болница „Филип Втори“.

Најчитани

To Top
Close