Градоначалниците на СДС немаат отчет затоа што немаат ништо сработено, затоа ги чека уште поубедлив пораз на парламентарни, вели ВМРО-ДПМНЕ


Градоначалниците на СДС немаат отчет затоа што немаат ништо сработено, затоа ги чека уште поубедлив пораз на парламентарни, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Над 120 милиони евра се инвестирани во проекти од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во општините со кои раководат.
Инфраструктура, инвестиции во образованието, спортот и културата се меѓу областите каде најмногу се инвестира.
За разлика од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците од СДС скоро и да немаат ништо сработено.
1 година помина од последните локални избори, а во општините управувани од кадри на СДС имаме само стагнација.
И наместо да се фатат за работа, градоначалниците од СДС, како и нивната партија се служат со лаги, манипулации и криминал.
Нема отчет во Струмица, Валандово, Дојран, Делчево, Берово, Пробиштип. Нема затоа што нема со што да се пофалат, затоа што градоначалниците на СДС работат само за себе, а не за жителите на општините со кои управуваат.
Народот јасно ја гледа разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Затоа и СДС ќе загуби на следните избори“, се вели во соопштението.
