Македонија

Абази не одговори кои дела ги гони ОЈО-ГОК: Не сум на испит тука јас

На новиот шеф на обвинителството за организиран криминал и корупција Ислам Абази му е предизвик да работи на оваа позиција, изјави тој за новинарите на денешната прес конференција.

„Да им се заблагодарам на колегите кои учествуваа во овој процес за основен јавен обвинител на ојо-гок. Ова е ново законско решение за избор на основен јавен обвинител на ојо-гок. Целта на ова законско решение е да се дојде до поголема самостојност на јавниот обвинител и со тоа да се избегнат сите надворешни влијанија кои можат да се појават во државата. Исто така сакам да им се заблагодарам и на колегите обвинители кои учестуваа во овој процес кои беа професионални, фер и коректни и кои придонесоа овој процес да биде фер и транспарентен. Освоените 66 гласа се голема одговорност за мене и мотив да јас колку што можам професионално да раководам со ова јавно обвинителство кое е највашно обвинителство бидејќи во својата надлежност ја има борбата против организираниот криминал и корупција.

Ова ми претставува предизвик имајќи го предвид моето досегашно искуство да раководам со ова обвинителство. Сум учествувал во разни работни групи за донесување на закони, подзаконски акти, учесник сум во работната група во законот за конфискација на имот и со моето досегашно искуство и работа сметам дека професионлно и зконито ќе го претставувам ова бовинителство заедно со колегите обвинители“, изјави тој.

Прашањето кои дела ги гони организиран криминал, тој изјави дека не е на испит.

„Не сум на испит тука јас. Во закон за јавно обвинителство е предвидено кое е надлежноста на тоа обвинителство“, додаде тој.

На почеток