Скопје

Арсовска викна полиција оти Славески и го зел микрофонот

Градоначалничката Данела Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје викна полиција и го пријави претседателот на Советот Трајко Славески дека го украл микрофонот кој стои на говорницата, пишува СДК.МК.

Службите од Градот им даваа изјава на полицајците кои правеа записник дека микрoфонот е сопственост на Градот и со тоа што го нема, извршена е кражба и оштетена е институцијата.

Претходно Арсовска со подвижен микрофон отиде на говорницата и му рече на Славески дека е Хитлер и крадец.

„Господине Хитлер не ви доликува ова што го правите. Вие го кршите деловникот и сте крадец. Немате никаков интегритет”, рече Арсовска.

По ова, Славески даде пауза, а потоа рече дека ѝ го одзема правото на збор на Арсовска затоа што го кршела деловникот, вршела опструкции и недолично се однесувала.

На почеток