Актуелно

Русија мора да плати ѝ плати на Украина воени репарации

Генералното собрание на Обединетите нации денеска одобри резолуција во која се наведува дека Русија мора да ѝ плати на Украина воени репарации.

Во резолуцијата, поддржана од 94 од 193 земји-членки на Генералното собрание на ОН, се наведува дека Русија мора да одговара за кршење на меѓународното право во и против Украина.

Во резолуцијата се наведува и дека Русија „мора да сноси правни последици за сите нејзини меѓународни незаконски дејствија, вклучително и исплата на компензација за повреди и каква било штета предизвикана од такви дејствија“, објави Ројтерс.

Резолуциите на Генералното собрание на ОН не се обврзувачки, но имаат политичка тежина, потсетува британската агенција.

На почеток