Скопје1.мк

Република

Забрана за камиони на патните правци Маврово-Дебар и Дебар-Струга

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози,наместа со остатоци од кашест снег.

„Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Забрана за сообраќај за автобуси има на патниот правец Тетово – П.Шапка.

Од превентивни причини во 16.30 ч вчера е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

To Top
Close