Скопје1.мк

Свет

(ФОТО) Автобус удри во автобуска постојка, неколку лица го загубија животот

Неколку лица го загубија животот, а најмалку 17 се повредени кога автобус на два ката удрил во автобуска постојка во Отава, Канада.

Началникот на полицијата, Чарлс Бордел изјави дека има неколку жртви, но не кажа точен број.

Од болницата во Отава изјавија дека примиле девет пациенти кои биле во критична состојба.

На фотографиите објавени на социјалната мрежа Твитер може да се забележи дека предниот дел од автобусот е оштетен, а горниот дел од автобуската постојка е забиен во вториот кат од автобусот.

To Top
Close