Македонија

Хардинај и Тачи го поздравија изгласувањето на уставините измени во Собранието

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај и претседателот на државата Хашим Тачи го поздравија изгласувањето на амандманите на Уставот.

„Го поздравувам изгласувањето на уставните измени во Собранието на Македонија за промена на името во Република Северна Македонија, како голем чекор на патот кон евроатлантските интеграции на соседната држава. Овој настан, кој е значаен за новата историја на Западен Балкан, претставува надеж дека нашиот регион оди во правец на еден опстоен мир. Го поздравувам мојот хомолог Зоран Заев за докажаната прозападна визија, како и Албанците од Македонија за клучната улога во овие промени“, напиша косовскиот премиер Рамуш Храдинај на Фејсбук.

Косовскиот претседател, Хашим Тачи на Фејсбук напиша дека на овој начин Македонија направила голем чекор напред со што ги отвора перспективите за политичка стабилност.

„Република Македонија или Северна Македонија, како што се именува сега, направи голем чекор напред, отворајќи ги перспективите за политичка сабилност, продолжување на реформите и интегрирање на земјата во северноатланските интеграции, со што им гарантира подобар живот на своите граѓани и на новите поколенија“, напиша Тачи на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток