Актуелно

Русија: Испративме писмо до Гутереш за малтретирањето на заробените Руси

Русија испрати писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во форма на официјален документ на Советот за безбедност и на Генералното собрание на ОН, во кој се претставени нови факти за малтретирањето на руските воени заробеници од страна на Украина, изјави првиот заменик постојан претставник на Русија до ОН Дмитриј Полјански.

„Испративме официјален документ на Советот за безбедност и Генералното собрание, писмо до генералниот секретар на ОН со нови докази за малтретирањето на Украина кон руските воени заробеници и апел до Антонио Гутереш да престане со кршењето на меѓународното хуманитарно право од Киев“, напиша рускиот дипломат на својот канал на Телеграм, пренесе ТАС С.

Во изјавата на Пољански се нагласува дека Русија ќе продолжи да ги информира странските дипломати за злосторствата на режимот во Киев на седниците на Советот за безбедност на ОН и на Генералното собрание на ОН.

На почеток