Некатегоризирани

Украина негира: Состојбата со снабдувањето со енергија е тешка, но под контрола

Се огласи украинското Министерство за енергетика во врсја со снабдувањето со електрична енергија на територијата на Украина. Тие тврдат дека снабдувањето е под контрола и покрај серијата руски напади врз инфраструктурата за производство и дистрибуција на електрична енергија и дека нема потреба од паника

Шефот на DTEK, најголемата приватна енергетска компанија во земјата, во посебна изјава рече дека нема потреба луѓето да ја напуштаат Украина, пренесува Reuters.

Руските ракетни напади уништија речиси половина од енергетскиот систем на Украина, а властите во Киев во петокот објавија дека е можно целосно исклучување на електричната мрежа на главниот град.

Ги демантираме најавите за ширење паника на социјалните мрежи и електронските медиуми и ги уверуваме граѓаните дека состојбата со снабдувањето со енергија е тешка, но под контрола“, се наведува во соопштението на Министерството за енергетика.

Надлежните најавија прекини на струја низ државата за да се извршат неопходните санации и ги повикаа граѓаните да ја намалат потрошувачката на струја за најмалку 25 проценти.

На почеток