Свет

(Видео) Невреме во Црна Гора, паднати дрвја во Подгорица, Херцег Нови под вода

Поради невремето што ја зафати Подгорица, на повеќе локации во главниот град на Црна Гора паднаа стебла, објави „ЦдМ“.

„Поради силниот ветер и обилните врнежи паднаа поголеми гранки на повеќе локации во градот“, соопшти Зеленило Подгорица.
Од синоќа, како што велат, нивните екипи се на терен и работат на што побрзо санирање на последиците за да се обезбедат непречени услови за движење на пешаците и сообраќајот.
Силниот ветер создаде проблеми и во Цетиње, јавува РТВ „Цетиње“.

Vjetar lomio stabla u #Podgorica #drustvo #vijestihttps://t.co/njL5NShp3F
— Vijesti (@Vijestime) November 20, 2022

Поплави се случија во Херцег Нови поради обилните врнежи.
Во Црна Гора и денеска ќе биде претежно облачно, а ќе има врнежи и грмежи,пренесе Блиц.рс.

[ad_2]

На почеток