Магазин

(ФОТО) Ди Каприо фатен со новата девојка во луксузен њујоршки ресторан

Актерот и манекенката навистина се трудат да ја сокријат својата романса.

Џиџи Хадид и Леонардо ди Каприо вечераа заедно во луксузен њујоршки ресторан, а папараците не можеа да го пропуштат тој момент.

Иако беа фотографирани како излегуваат од ресторанот одделно, нема сомнеж дека Џиџи и Лео поминуваат се повеќе време заедно, иако се уште официјално не потврдија дека се забавуваат.

Оскаровецот беше во црно од глава до пети, со маска на лицето и капа беше невозможно да се препознае, а манекенката се обидуваше да го сокрие лицето со шал.

Да потсетиме, гласините за нивната врска започнаа во септември, набргу откако Леонардо раскина со својата долгогодишна девојка, исто така манекенката Камила Мороне.

На почеток