Актуелно

Роналдо ја испиша историјата на светските првенства

Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер кој постигнал барем еден гол на пет различни светски првенства.

Тој на стадионот „974“ ја погоди мрежата на Гана од пенал, кој самиот го изнуди.

Роналдо дебитираше на Светското првенство во Германија во 2006 година, а првиот гол го постигна во победата над Иран од 2:0.

На Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, исто така, постигна само еден гол.

Четири години подоцна во Бразил постигна гол против Гана (2:1), исто како и во Катар, додека беше најефикасен во Русија.

Тој постигна три гола во ремито со Шпанија (3:3), а еден во триумфот над Мароко (1:0).

На почеток